BBC злоупотреби студентско патување во Северна Кореја за да снимат документарец


Еден од водечките британски универзитети го критикуваше во неделата јавниот сервис BBC поради тоа што искористил студиско патување во Северна Кореја за снимање на таен документарен филм, тврдејќи дека со тоа ја загрозил безбедноста на студентите кои не биле свесни за ситуација.

bbc gejУниверзитетот London School of Economics (LSE) наведува дека тројца новинари на BBC, меѓу кои и познатиот репортер Џон Свини, се придружиле на студентското патување кон крајот на март преправајќи се како туристи, а со цел да снимат документарен филм за оваа држава за којашто поради нејзината затвореност се шират мистерии. Универзитетот тврди дека на студентите им било кажано дека ќе им се приклучат новинари, меѓутоа не знаеле дека целта на BBC била да се искористи посетата за да се сними документарец за емисијата „Панорама” којашто третира актуелни политички настани.
„Тоа не беше официјално патување на London School of Economics”, напиша деканот на универзитетот, Крег Калун на својот профил на Twitter.
kina tenkovi korejaАлекс Питерс-Деј, генерален секретар на студентскиот колегиум при London School of Economics, изјави за телевизијата Sky News дека студентите за вистинските намери на BBC дознале подоцна, а една студентка рекла дека за тоа дознала дури на летот за Северна Кореја. Универзитетот извести дека Свини, кој на London School of Economics дипломирла во 1980 година, се претставил како постдипломец по историја, за да добие дозвола за влез во Северна Кореја, иако во моментот нема никаква врска со таа високообразовна институција.
„Персоналот на BBC призна дека групата студенти намерно е залажана во врската со учеството на BBC во таа посета”, се наведува во соопштението на универзитетот испратено до британските медиуми.

severna i juzna koreja„London School of Economics смета дека студентите не биле доволно информирани за да ја дадат својата согласност, што ги изложило на сериозна опасност во случај измамата да биде откриена пред да ја напуштат Северна Кореја”, се додава во сооптшението.

Деканот побарал од BBC да не го прикажува документарниот фил кој би требало да биде емитуван во понеделник, меѓутоа директорот на британската јавна телевизија го одбил тоа.

Макфакс

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1