Неколкумесечно бебе, три деца, пет жени и двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу полноќ се случила во скопската населба Припор, извести МВР
Во несреќата од засега непознати причини се судриле два „голфа“ со скопски таблички. Сите повредени се од скопското село Чифлик.
Седумина од повредените се пренесени на лекување во Клиничкиот центар, а оастанатите се на лекување во болницата „Св. Наум Охридски“.