Едно бебе почина како последица од инфекција со бактерија којашто, како што постои сомнеж, ја добила во болница во црногорскиот град Бело Поле. Во болницата во Подгорица префрлени се уште четири бебиња кои биле родени во Бело Поле, а состојбата на едно од бебињата критична.
Министерот за здравство на Црна Гора, Миодраг Радуновиќ на вонредната прес – конференција соопшти дека едно бебе е во животна опасност, додека здравјето на другите три инфицирани бебиња е стабилно, изјави дека неспорна е одговорноста за инфекцијата во болницата во Бело Поле, потврди дека се смените началниците на одделите за Гинекологија и Неонатологија, како и главната медицинска сестра во Гинеколошкото одделение во болницата.
Гинеколошко-акушерското одделение во Бело Поле е затворено, додека сите родилки ќе бидат префрлени во болницата во Беране, 36 километри оддалечна од овој град. Министерот најави утврдување на одговорност за инфекцијата во породилиштето.
Таткото на починатото бебе изјавил дека лекарите не му ја соопштиле причината за смртта на бебето, тврди дека бебето починало од сепса и бара да се утврди вината.
Црногорското државно обвинителство отвори истрага за случајот со инфекциите кај бебињата. Оттаму соопштија дека врховниот државен обвинител Ивица Станковиќ контактирал со колегите во Бело Поле за да расветлат сите околности до крај.
Обвинителството во Бело Поле во најкраток рок ќе ги испита случувањата и ќе утврди евентуална одговорност. Невладините организации за во понеделник најавија протест пред Министерството за здравство во Подгорица поради состојбата во породилиштата во Црна Гора.