Заводот за јавно здравје во Сараево издал налог за привремено стопирање на користењето на вакцината ДиТеПер и HiB на целата територија на Босна и Херцеговина откако седуммесечно бебе почина после примањето на вакцината.
Бебето во здравствениот дом во Лукавица неодамна ја примило третата редовна доза од овој тип вакцина. Вечерта заспало, без никакви симптоми дека не е добро, но веќе не се разбудило.
Од здравствениот дом е соопштено дека под пропишаните услови ги преземале сите вакцини кои се на редовниот календар за имунизација во земјата.
шефицата на Службата за епидемиологија на Федералниот завод за јавно здравство Јелена Равља. изјави дека според нивните сознанија, медиумите пласирале неточна информација, и оти се работи за настан што се случил на крајот на 2010 година, јави Танјуг.
Равња додаде и дека кај бебето, кое починало во 2010, утврдено е дека причина за смртта не било вакцинацијата, како и оти нема причина за ширење паника меѓу родителите.
– Родителите се загрижени, но по објаснувањето дека се се одвива според планот без какви било компликации, а вакцината дитепер ИПВ и ХИБ не е повлечена, нагласи Равља.
Бројни медиуми во БиХ претходно објавија информација дека овие денови едно бебе починало откако примило вакцина дитепер ИПВ и ХИБ, по што, наводно, бил привремено издаден налог за времен прекин на користењето на вакцината.