Бебе преживеало откако родителите го закопале, мислејќи дека е родено мртво


Лу Сиаојун и Хе Јонг од кинескиот град Донгдонг мислеле дека нивното девојче е родено прерано и дека е мртво. Тие двајца веќе имаат седумгодишна ќерка.

Лу верувала дека е во четвртиот месец од бременоста, кога почувствувала силни болки во стомакот. Таа го повикала сопругот, кој ја затекнал во локва крв со мало бебе, за кое мислеле дека сигурно е родено мртво, затоа што било премногу рано за неговото раѓање.

Screenshot_6

Итната помош ја одвела жената во болница, а нејзиниот сопруг рекол дека нема смисла да го проверат бебето. Додека тие двајца биле во болница, мајката на Лу Сиаојун го закопала бебето во дворот.

Лекарите го испитале Јонг и барале да го донесе бебето, затоа што можеби постои шанса да е живо. Јонг истрчал дома и го откопал бебето од дворот и открил дека тоа дише.

Го однел девојчето во болница, каде што лекарите утврдиле дека таа е родена после шест месеци од бременоста, а не четири, како што мислеле нејзините родители. Бебето било лечено во болница три дена, но семејството останало без пари, па морале да ја одведат дома.

Меѓутоа, откако локалните медиуми ја пренеле приказната за чудесната победа на бебето над смртта, голем број луѓе му донирале пари на ова семејство и бебето било вратено во инкубатор во болницата, каде што ќе треба да остане некое време.

Веста за бебето предизвика големо внимание во јавноста, но и коментари од луѓе кои сметаат дека родителите сакале да се ослободат од детето и затоа ја измислиле таа приказна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1