Американски брачен пар останал во шок откако тим на специјалци во потрага по дрога фрлиле експлозивна направа во креветчето каде спиел нивниот син.
Брачниот пар од Висконсин не може да поверува што им се случило кога специјалците фрлиле шок бомба во креветчето во кое спиел нивниот 19 месечен син, кој по оваа случка е тешко повреден.
Полицијата влегла во нивниот дом околу 3 часот наутро и ја фрлиле бомбата која предизвикува јак блесок, оштетување на слухот и дезориентираност. Иако оваа бомба спаѓа во средства кои не се опасни по живот, истата експлодирала на перницата додека бебето спиело.
Малото момче итно било пренесени во болница со тешки изгореници поради кои лекарите го ставиле во вештачка кома.
Обвинителството навело дека полицијата упаднала во куќата без налог за апсење, барајќи маж кој наводно илегално поседува дрога и оружје.