Бебе имало скршена рака и хематом на главата до окото, а пред само два месеца било примено во болница поради скршена бутна коска.
Родителите на бебето, седумнаесетгодишната мајка и таткото кој има 57 години, тврдат дека бебето само се повредило и ја скршило раката.
Пет месечното бебе со скршена рака вчера било примено во болницата во Јагодина, а постои сомнеж дека детето е жртва на насилство, пренесуваат српските медиуми.
Бебето имало скршена рака и хематом покрај окото. Мајката прво рекала дека детето само се повредило, а на прашањето зошто на детето му е повредена главата покрај окото таа одговорила дека таа малку го притиснала бебето. Случајот по службена должност е пријавен во полицијата.