Иако сум лекар, се вознемирив кога ја видов состојбата на бебето, имаше пресечен јазик и модринки на вратот, што укажува дека се обиделе да го дават. И да остане живо, во овој момент никој не може да потврди каква ќе биде неговата здравствена состојба понатаму, вели доктор Аспазија Софијанова за Дневник.
Во скопско Арачиново пред два дена е пронајдено живо машко бебе фрлено во грмушка во семеен двор. Бебето има одвај два килограма, штотуку родено, а веќе било жртва на ѕверско и невидено човечко изживување, му бил пресечен јазикот и нанесени му се тешки телесни повреди. Психолозите и лекарите се згрозени од состојбата на бебето, велат дека е ова уште еден доказ дека човечката плодност може да биде и проклетство.
Од МВР велат дека с` уште не знаат како новороденчето се нашло во дворот, ниту, пак, кои се родителите, но додаваат дека истрагата е во тек.
Бебето со возило на брза помош било префрлено во Kлиничкиот центар зашто било во ризична состојба. Станува збор за машко бебе, тешко е 2.380 грама. Бебето се наоѓа во критична состојба и е ставено на апарати.
Извор – Дневник