Детскиот мозок е чувствителен на промените на тоналитетот на гласот и на нив реагира и во сон, покажа студијата на Универзитетот Орегон, спроведена на бебиња стари шест до 12 месеци.
Студијата, спроведена на 20 бебиња, покажа дека кавгите во нивното опкружување, особено меѓу родителите, стануваат причина за стрес од најрана возраст.
Постојаната изложеност на кавги може да го успори менталниот развој на детето, дури и додека тоа спие за време на кавгата.
Научниците користеле магнетна резонанца за да го снимат мозокот на бебето додека спие. Додека во сонот ги слушале разговорите со нормален и весел тон, протокот на крв во нивниот мозок, како и показателите на мозочните активности биле вообичаени.
Кај лутите, гласните и вознемирувачките звуци е забележана атипична активност на мозокот. Тоа појаснува зошто децата од семејствата во кои има многу кавги, подоцна се почувствителни и помалку отпорни на стрес, вели авторката на студијата др Алис Грејам.
Mia