Ричард Кашворд и Мерцедес Касанелас се надвор од себе од среќа откако нивниот апел да им се врати бебето заврши среќно!
Тие со ДНК тест докажаа дека бебето кое им е дадено во болница не е нивно – излезе дека дошло до грешка. Нивниот син 3 месеци растел во друго семејство кое немало поим дека бебето што го чуваат воопшто не е нивно!
Синот на Ричард и Мерцедес е пронајден откако полицијата во рамките на истрагата побара сите бебиња родени во истиот период, пред три месеци, во приватната болница во Ел Салвадор, да поминат ДНК тестови.
Резултатите од последните тестови откриле дека уште едно бебе родено на 21 мај, не е кај своите биолошки родители – токму тоа бил синот на Ричард и Мерцедес.
Истрагата започна на 27 август кога Ричард и Мерцедес направија ДНК тест кој покажа дека бебето што го чуваат не е нивно.
Тие се сомневале уште откако бебето им било дадено во болница бидејќи било со потемна кожа и покрупно од бебето што го родила Мерцедес.
Во истрагата за целиот случај уапсен беше гинекологот кој ја породи Мерцедес, д-р Алехандро Гуидос, под сомнение дека ја организирал замената на бебињата.
Тој вели дека не е виновен, дека се работи за грешка, и дека извинувањето од Ричард и Мерцедес нема да биде е доволно да ја покрие штетата што му е нанесена.
Но, како и да е, двете бебиња сега се кај своите родители.
Ричард и Мерцедес ќе го однесат својот син во Тексас и ќе го вратат бебето што го чувале 3 месеци на неговите биолошки родители во Ел Салвадор, кои пак воопшто не биле свесни дека 3 месеци чувале туѓо дете!