Бебињата во утробата се способни да го спасат животот на мајката


Долго време се знае дека за време на бременоста плацентата овозможува двонасочно движење на имуни клетки помеѓу мајката и фетусот. Некои од разменетите клетки се способни да формираат линии кои се активни барем половина столетие по раѓањето.

Кога две различни популации на клетки се присутни во еден орган или организам, појавата е позната како микрохимеризам.

8-month-fetus-model-with-pl

Микрохимеризам може да се добие на вештачки начин, како при трансфузија на крв или трнасплантација на коскена срж, но се случува природно за време на поголемиот број бремености. На пример, приближно 50-75% од жените по породувањето се носители на феталните имуни клетки и отприлика половина од потомството носи мајчини имуни клетки.

Двонасочниот фетомајчински сообраќај на клетки низ плацентата, кога се движи од фетусот кон мајката е познат као фетален микохимеризам, а движењето од мајката кон фетусот се нарекува мајчински микрохимеризам.

Додека во изминатите 15 години во фокусот на овој феномен главно беше можната патолошка улога, со која феталните клетки можат да придонесат за авотимуни заболувања кај мајката, тн. “лош” микрохимеризам – термин предложен од Nelson JL, во 1966 г. сега се пројавува позитивна перспектива, позната како хипотеза на “добар” микохимеризам – која сугерира дека феталните клетки наместо да индуцираат имунолошка реакција кај мајката, тие ја снабдуваат со извор на подмладувачки клетки, кои се способни да учествуваат во процесите на поправка на оштетените ткива.

bremena bebeИстражувачите во студија од 2004 год. откриле доказ дека машките микрохимерички клетки се издиференцирале во мајчини епителни клеточни ткива (тироида, цервикс, црева и жолчка) укажувајки на нивните квалитети како матични клетки и можноста да придонесат за регенерација на мајчините повредени ткива.

Во 2012 г. била направена студија со цел да се види дали феталниот микрохимеризам може да има улога во високата стапка на опоравување на жени со инфаркт во последното тромесечие од бременоста или првите неколку месеци по породувањето. Истражувачите објавија:

Изјавуваме дека феталните клетки селективно се движеа кон повредените срца на мајките и се диференцираа во различни срцеви слоеви.

Ова вчудоневидувачко откритие покажува дека феталните клетки се способни за диференцирање во цел вариетет на срцеви клетки, кои можат да го излечат срцето на мајката.

Го спасуваат животот на своите мајки

Природата овозможила потомството на цицачите да може да го спаси животот на мајката, со давање на клетки, кои се способни да се накалемат на ткивата, вклучуавајки ја коскената срж, потенцијално обезбедувајки доживотен извор на нови здрави клетки, кои ќе ги заменат дисфункционалните клетки.

tvoebebe.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1