Во храната за доенчиња Bebivita се пронајдени парчиња стакло. Од компанијата Muller се извинуваат и повикуваат производите да се повлечат од продажба
Загреб – Министерството за земјоделство на Хрватска на својата страница извести дека производот Bebivita – преработена храна на база на житарици – млечна кашичка од гриз, се повлекува од продажба.
Се повлекува Bebivita Milchbrei Grieß 600g, млечната кашичка од гриз за доенчиња со навршени 6.месеци, со рок на траење до 30 септември 2014 година, а во ознаката содржи серија 140790.
Во храната се пронајдени парчиња стакло.
Се повлекуваат САМО производите со наведената серија и рок на траење!
Јутарнји лист / Рингераја