Јанкулоска го демантира Шилегов – или да се извини или ќе го тужи


Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие 5 години, ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување кое ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици и да каже кој му наложил да излезе со вакви невистини, се подвлекува во писмената реакција од Јанкулоска.

jankulovska-1Таа информира дека новиот стан што го поседува, е набавен со продажба на стариот, подигнат е заем и долгорочен кредит од банките по пазарни услови. Граѓаните, посочува, овие тврдења може да ги проверат и на интернет страната на Државната комисија за спречување на корупцијата, а Шилегов, вели, ќе мора на суд да ја докажува „мистериозноста“ која му ја напишале и која ја прочита.

Според Шилегов, во 2006 година Јанкулоска пријавила дека поседува само стан од 76 метри квадратни, со вредност од 50 илјади евра.

– По 5 години, во 2011 година, министерката се проширила во нов стан, од 114 метри квадратни, вреден 120 илјади евра. Интересно, истата година, со стан  од 95 метри квадратни, вреден 100 илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер, рече портпаролот на СДСМ.

500petresdsm-634x320Јанкулоска во писмената реакција ги повикува надлежните институции колку е можно побрзо да постапат и да утврдат дали има какви било незаконски дејствија во нејзиното работење и наводното богатење за 200.000 евра кое денеска, тврди, го измисли Шилегов.

Според Државната Комисија за Спречување Корупција, од увидот направен во анкетниот лист произлегува дека Јанкулоска во 2006 година од кога е на функцијата министер, пријавила стан во вредност од 50.000 евра стекнат пред стапување на функцијата.

„По 2006 година тој стан е продаден, а во истиот период Јанкуловска и Илиевски имаат подигнато кредити и заем во вкупен износ од 100.000 евра. Со средствата од кредитите и од продадениот стан имаат купено два стана во вкупна вредност од 140.500 евра, за што во пријавените промени во анкетниот лист се приложени и купопродажните договори, како и договорите за подигнатите кредити. Очигледно дека не се работи за станови во вредност од 200.000 евра стекнати преку плата, туку становите се купени со долгорочни кредити на сопружниците добиени под редовни банкарски услови“, се вели во соопштението, кое го пренесе МИА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1