Здружението на бранители БЕДЕМ е згрозено од вчерашните настапи на насилниците од СДСМ, хаосот, безредието и насилството кое го го предизвикаа на улиците низ Скопје.
-Го повикуваме раководството и членството на СДСМ, своите луѓе да не ги воведува во украинското сценарио кое во моментов ни го подготвуваат, а води само кон насилие, жртви и безредие во државата. Ние како бранители секогаш сме биле на браникот на татковината и сме работеле согласно со законските прописи и норми во оваа држава, така ќе биде и сега, меѓутоа нема да дозволиме и им порачуваме на господат од СДСМ, дека нема да им дозволиме насилно да го уништуваат и рушат поредокот на оваа држава за која ние со крв сме се бореле, сме ја бранеле и сме штителе. Ако тоа го можевме 2001 година сега сме уште посилни, пообединети, порешителни, поистрајни во одбраната на нашата држава и уставниот поредок, велат од БЕДЕМ.