БЕДЕМ: Бранителите за разлика од Верушевски се вистински патриоти – Заев нека купи автомобили за нив


Македонските бранители како и многупати досега застануваат на браникот на својата земја. Тие велат дека нема да дозволат надворешни и внатрешни непријатели да направат раздор и да наштетат на националните интереси на Република Македонија.

Здружението на припадниците на безбедносните сили „Бедем“, ги коментира последните случувања на политичката сцена, објаснувајќи му на Зоран Заев кој е патриот во Република Македонија.bedem braniteli mk

-Бидејќи ние сме патриоти кои својата чесна намера и патриотско чувство сме докажале во одбрана на Македонија, а не соработувајќи со странски служби како што тоа го правеле Верушевски и Заев, туку напротив, со пушка во рака ја браневме Македонија кога тоа беше потребно и сме докажале дека сме вистински патриоти, еве го повикуваме Заев да купи автомобили за сите бранители кои ја бранеа Македонија и сме го докажале својот патриотизам. Бидејќи Заев вели дека купил автомобил затоа што Верушевски бил патриот, а фактите покажуваат дека тоа е чиста лага, бидејќи човекот кој соработува со странски служби не е никаков патриот. На Заев ќе му кажеме илјадници патриоти кои го ризикувале животот за оваа држава. Доколку е искрен нека им купи автомобили на вистинските патриоти, кои дале се, а не побарале ништо, истакна претседателот на БЕДЕМ, Горан Димоски.

Димоски посочи дека БЕДЕМ нема да дозволи разпродавање на државните интереси и создавање на погрешна слика за тоа што значи патриотизам.

-Тоа не може да биде човек кој соработувал со странски служби против својата држава, додаде тој.

За потсетување, Здружението на припадниците на безбедносните сили „Бедем“, пред еден месец дадоа силна поддршка за Граѓанската иницијатива за одбрана на Македонија. Тогаш порачаа дека бранителите се секогаш тука да ја бранат Македонија и дека тие се бореле и гинеле за Македонија и нема да дозволат некој да и нанесе штета.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1