Утре со почеток во 12 часот кај Триумфалната капија исклучените од парно организираат нов протест 51 по ред.
„Сега, кога на сите им е познато, дека партиите од демократската опозиција, веднаш по победата на парламентарните избори, ќе ги укинат срамните одредби според кои БЕГ ги тужи исклучените, БЕГ го засилува притисокот против исклучените. Од овој месец, БЕГ ги тужи исклучените секој три месеци, наместо на шест месеци, како што претходно практикуваше. Затоа на протестот во сабота ќе се зборува за начините исклучените од Топлификација, што повеќе да ги одолговлекуваат судењата и на тој начин, неосудени, да ја дочекаат победата на партиите од демократската опозиција и своето спасување“ се вели во исменото соопштение.
На протестот ќе се зборува и за подготовките за одбележување на една година непрекидни протести, а ќе биде обеледенет документ од кој, како што се вели се гледа дека одредбите исклучените да плаќаат потекнуваат од 1982 година и дека нивни автори се истите тие кои и денес раководат со Топлификација.