БЕГ: Во сметките ќе биде нивелирана зголемената испорака на топлинска енергија


Како резултат на ниските температури во грејната сезона 2016/2017 година до потрошувачите биле испорачани 507.906.124 kwh, а прогнозирани биле 480.235.185 kwh. Исто така, грејната сезона траела и 16 дена подолго од вообичаеното, соопшти Балкан Енерџи груп.

Екстремно ниските температури во текот на зимата ја зголемија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енегија во Скопје. Како резултат на ниските температури, во грејната сезона 2016/2017 година до потрошувачите биле испорачани 507.906.124 kwh, а предвидени биле 480.235.185 kwh, согласно прогнозите направени во август 2016. Зголемената испорака на топлинска енергија пред сè е резултат на екстремно ниските надворешни температури измерени во одделни месеци кои во одредени денови се симнаа до минус 21 степен целзиусов како и невообичените ниски температури во октомври и април, заради што и грејната сезона започна порано и заврши подоцна од вообичаеното, соопшти Балкан Енерџи груп.

Од компанијата велат дека грејна сезона 2016/2017 започна на 5 октомври, за разлика од вообичаениот старт на 15 октомври. Истовремено, грејната сезона траеше и подолго од вообичаениот термин – 15 април, и годинава траеше до 24 април. Ова значи дека годинава грејната сезона траела 16 дена подолго, односно наместо 183 дена, траела 199 дена.

„Поголемата количина на испорачана топлинска енегија до потрошувачите од прогнозираната, ќе биде нивелирана во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување, помеѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија. Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од количината на испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови.Потрошувачите во текот на целата година во своите сметки добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, во споредба со месечниот паушал и колкава е разликата помеѓу потрошената и прогнозираната топлинска енргија. Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата ќе биде распределена на три еднакви рати и соодветно фактурирана во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена на неговата трансакциска сметка, доколку нема заостанати долгови“, Балкан Енерџи груп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1