Бегајте од храна во пластика и конзерви – еве зошто се опасни


Бисфенол А(BPA), е широко користена компонента кај пластични контејнери и пакувања на хранливи продукти, како што е внатрешната обвивка на конзервите и покрај тоа што повеќе од 200 научни студии, покажуваат дека (BPA) е штетна за здравјето на луѓето. Употребата на (BPA), е толку природно што научниците откриле дека 95% од луѓето што се тестирале, имаат опасно ниво на (BPA) во нивните тела.

konzervaИзбегнувањето на конзервираната храна е можеби најдобриот начин за да се избегне (BPA). Неодамнешните истражувања во Харвард школата за јавно здраство, открија дека конзервираната храна и пијалоците може да го зголемат нивото на (BPA) во вашите тела за 100%, само во период од пет дена. Водечките истражувачи истакнаа дека со оглед на ваквиот нов наод, конзервираните продукти може да бидат уште поголем придонес за зголемување на (BPS) во вашите тела, за разлика од нивото кое што го има во пластиката. 10_Canned_FoodsИнтересно истражувањето покажало дека можете да се заштитите од неизбежните негативни ефекти на изложеност на (BPA), со јадење на традиционална фермантирана храна, како и суровина на органски кефир, фермантиран зеленчук или со земање на висок квалитет на пробиотик. Овие јадења содржат „пријателска бактерија“, која има моќ да ја уништи (BPA), како и да ја намали вашата цревна апсорпција на истата.

Природно избегнувањето на извори на (BPA) е вашата најдобра одбрана. Еве 10 совети како да си помогнете да ја намалите изложеноста на (BPA) во својот дом:
plasticni kutii-Користете само сталкени бебешки шишенца и садови за вашето бебе. Користете стакло, керамика, или некој нерѓосан челик, наместо пластични чаши, или чинии од стиропор.
-Ослободете се од вашите плстични чинии и чаши, и да ги замените со стаклени. Избегнувајте користење на фолија (и никогаш не покривајте ништо со истата).
-Дајте му на вашето дете играчки направени од природен материјал, наместо пластични. Ако веќе користите пластичен прибор, барем почнете да користете нов, исфрлете го стариот. Избегнувајте да ги ставате во машина за миење садови, или да ги миете со детергенти.
-Чувајте ја вашата храна и пијалоци во стаклени садови и шишиња. Избегнувајте да користите флаширана вода.
-Ако веќе се одлучите да користите микробранова, не ставајте храна во пластичен сад. Доколку на крајот се решите да користите пластични контејнери за вашата храна, не заборавајте барем да ги избегнете оние кои што на дното се заведени со бројот 7, затоа што овие садови содржат големо количество на (BPA). Оние кои што на етикетите се означени со броевите 1, 2 или 4 не содржат (BPA), но содржат други хемикалии кои што можат да влијаат штетно по вашето здравје. Најдобро е место пластика да користите стакло.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1