Британското МНР им препорача на британските туристи да го напуштат Тунис и посоветува да не се патува во таа држава без поголема потреба.
Аргументите се дека локалните власти не презеле доволно мерки против „големата терористичка закана“, пренесува Република.
Министерството наведува дека туристите кои се во моментот во Тунис да се поврзат со туроператорите и да организираат напуштање на државата.
Форин офисот наведува дека постои „голема веројатност од нов терористички напад“.
МНР на Британија го објави соопштението по речиси две недели од нападот на 26 јуни во тунискиот туристички град Сус каде беа убиени 38 луѓе меѓу кои 30 Британци.