Пензионерот Млаѓан Рајиќ (66) од српското село Мало Црниче во саботата вечер, бегајќи од поплавите, се обидел да отпатува кај неговиот син во Виена, но почина на српско-унгарската граница откако унгарските царински службеници го држеле три часа, бидејќи немал доволно пари во себе, пренесува Блиц.
Рајиќ, кој отсекогаш имал проблеми со срцето, патувал со автобус кон Австрија барајќи спас кај синот, откако зад себе го оставил целосно потопениот семеен дом, ноод страна на цариниците бил изваден од автобусот и сместен во посебна просторија од каде не му дозволувале да излезе, да разговара со возачот или, пак, да се врати на српската граница. Рајиќ го контактирал својот син Владан во 19 часот, кој веднаш тргнал од Виена со својот автомобил.
Владан се обидувал да стапи во контакт со некој од унгарските цариници, но тие го одбивале неговиот повик. Во меѓувреме состојбата на неговиот татко станувала сѐ полоша кога ќе се чуел со синот одговарал само со добро и ладно е. Кога цариниците конечно се јавиле на повикот на Владан и му кажале само дека неговиот татко е во многу лоша состојба.
– Ги замолив веднаш да повикаат болничко возило, бидејќи татко ми е болен, потсетувајќи ги на ситуацијата во нашата земја и на тоа дека тој доаѓаше кон Виена само затоа што веќе нема место за живеење – вели Владан.
Кога станало јасно дека унгарските царински службеници немаат намера да го спасат животот на неговиот татко, Владан ја контактирал српската амбасада во Унгарија, од каде испратиле возило на Брза помош и преведувач, но веќе било предоцна.
Во 22 часот тие констатирале дека Млаѓан починал од срцев удар. Три часа подоцна, Владан пристигнал на границата каде го пречекала, како што вели, одвратна глетка. Во ладна просторија со само три клупи, неговиот починат татко бил оставен сосем гол и прекриен со мало ќебе. Ги прашал цариниците зошто не повикале брза помош а тие трделе дека таткото одбивал. Владан бесен вели како е можно да не видат, па јас преку телефон видов дека е лошо, а тие не. Ќе ги тужам сите, за да се осигурам дека вакво малтретирање никому веќе нема да му се случи, а ќе се обидам да соберам и други луѓе кои имале слични искуства со овие цариници во овој период, вели Владан.