Бегате понижени и посрамени – со ваква порака до НАТО, Талибанците одбележаа 12 години војна


Талибанците ја одбележаа 12-годишнината од војната во Авганистан. Испратиле соопштение во кое им порачаа на силите на НАТО дека бегаат од земјата понижени и посрамени.

– И по 11 години постојан терор, тиранија, злосторства и дивјаштво, НАТО бега од Авганистан понижен и посрамен. Со помош на Алах, храбрите Авганистанци, под водство на џихадистичкото раководство на исламистичкиот емират, ја поразија воената моќ и многубројните стратегии на САД и НАТО, порачаа талибанците.

Инвазијата на Авганистан, предводена од САД почна на 7 октомври 2001 година. Целта беше соборување на талибанскиот режим, затоа што му пружил засолниште на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Бројот на војниците на НАТО се зголеми низ годините до 130 илјади а учествуваа војници од 50 земји. Војниците сега полека се повлекуваат, сите странски воени сили ќе заминат до крајот на 2014 година.
Во војната во Авганистан загинаа вкупно 3.199 војници на НАТО, од кои над две илјади Американци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1