Во вила „Водно“ во тек е средба на претседателот Ѓорге Иванов со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата.
Средбата се одржува по завчерашната одлука на претседателот Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивните соработници за случаи поврзани со нелегалното прислушување.