Бела вдовица меѓу терористите – одговорна за смртта на најмалку 400 лица


Британката Саманта Лутвајт, позната како „Белата вдовица“, е одговорна за убиство на најмалку 400 лица, пишува денеска весникот „Дејли мирор“, пренесува ТАСС.

Според весникот, Лутвајт многу брзо се искачила меѓу врвот на екстремистичката група „Ал Шабаб“ откако голем број од нејзините лидери загинале во напади со беспилотни летала. Моментално таа има клучна улога во оваа терористичка организација, која се смета за единица на Ал Каеда.samanta

Оваа жена е десна рака на лидерот на „Ал Шабаб“ Ахмад Умар, тврди претставник од раководството на сомалиските специјални служби, пренесува „Дејли мирор“. Поради тоа Лутвајт не учествува во напади, но ги раководи и е одговорна за смртта на неколку стотина лица.

Меѓу последните злосторства, што се препишуваат на „Белата вдовица“, е крвавиот напад врз универзитет во градот Хариса, во северниот дел на Кенија во кој загинаа 148 лица. Британката е одговорна за смртта на најмалку 400 невини луѓе, пишува весникот.258456_samantha-lewthwaite_f

Саманта Лутвајт (32) е етничка Англичанка родена во семејство на британски војник. На 17-годишна возраст таа на интернет се запознава со исламистот Џермејн Линдзи и по три години се мажи за него. Таа е мајка на четири деца. Во серијата напади во Лондон на 7 јули 2005 година Линдзи активира бомба во метрото меѓу станиците „Кингс Крос“ и „Расел Сквер“. Во нападот, освен Линдзи загинуваат уште 26 лица.

Весникот „Дејли мирор“ наведува дека сите информации, што се однесуваат на „Белата вдовица“, сомалиските власти ги предаваат на британските агенти во Могадишу.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1