Осуден е монструмот кој ja фрлил својата ќерка од карпа бидејќи не сакал да плаќа алиментација


По 15 години агонија и многу судски рочишта, Сара Кеј Марер од Калифорнија заплакала од среќа кога нејзиниот поранешен сопруг конечно бил осуден за убиство на нивната 4-годишна ќерка.

Камерон Браун (53) својата ќерка Лорен Сарен Кеј ја фрлил во 40-метарска провалија бидејќи не сакал да плаќа алиментација за девојчето.Тој се тужел со Сара, а во ноември 2000 година, ја одвел својата ќерка на излет.Откако Лорен загинала, тој тврдел дека неговата ќерка се стрчала кон работ на карпата и дека се лизнала.

Monstrum2

На досегашните судења пред судот во Лос Анџелес, поротата била поделена околу тоа дали е виновен за убиство од небрижност или за тешко убиство.

Но, на ова судење, полицијата успеала да го пронајде мажот на кој Браун му се пожалил дека „би било прекрасно да се ослободи од Лорен и да не мора да плаќа алиментација од 1.000 долари месечно“.

Додека ја слушал пресудата, Браун не трпенал со око. Но, неговата поранешна сопруга почнала да плаче, истрчала од судницата и почнала да ги прегрнува поротниците.

– Се што сакав е тој да преземе одговорност за она што го направи тој ден. Сето ова беше многу тешко. Болка. Ќе научиш да живееш со болка – изјавила потресената жена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1