Бележани: Макроата ги жигосале девојчињата – им ги истетовирале своите имиња


Мобилната полициска единица „Алфи“ синоќа приведе двајца браќа од Скопје, на возраст од 18 односно 21 година, во скопско Шуто Оризари. Против нив, како осомничени, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „детска проституција“.

Судија на двајцата им изрекол мерка притвор од 30 дена.

Изминатиот викенд, информира помошник-министерот во МВР Иво Котевски, две од трите девојчиња кои биле принудувани на проституција, успеале да избегаат и да повикаат полиција.detska-prostitucija-500

Осомничените врбувале три малолтени девојчиња на возраст од 14 до 16 години, ги држеле во соба од куќа во насeлбата Шуто Оризари, во сопственост на нивниот вујко и од јуни до октомври годинава постојано под физичка и психичка тортура ги принудувале на проституција односно носеле заинтересирани клиенти за услуги во вредност од 300 до 2000 денари. Во одредени ситуации, според досега докуметирани сознанија, посочи Котевски, девојчињата ги носеле и по мотели за да даваат сексуални услуги. Вујкото, во чија сопственост била куќата, подолг период живее во Германија и не е во врска со случајот.

Двајцата браќа се изживувале со девојчињата и психички и физички  и доколку одбиеле да пружат сексуална услуга ги тепале, па дури на рацете им ги тетовирале нивните имиња за да знаат дека се  во нивна сопственост.

– Се разговара и со родителите за тоа зошто не го пријавиле исчезнувањето на на девојчињата иако во овој момент очигледно  е станува збор за дисфункционално семејство. Но, ќе ги чекаме насоките од јавниот обвинител дали, кога и во која форма  треба да биде процесуирана пријавата и против нивните родители,  рече помошник-министерот во МВР Иво Котевски.

Досега девојчињата не можат да посочат конкретен идентитет на лицата кои ги користеле услугите, а не е пронајден и некаков материјал или евентуално список на клиенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1