Белгија ги затвори своите дипломатски претставништва во Турција


Белгија денеска ги затвори своите дипломатски претставништва во Турција, пренесе турската телевизија НТВ.

Дипломатски извори соопштија дека одлуката за затворање на главниот конзулат на Белгија во Истанбул и на нејзините дипломатски претставништва во престолнината Анкара била донесена по денешните атентати во Брисел.br-640x360

Претставништвата на оваа европска држава во Турција нема да работат денеска и утре.

Телевизијата НТВ информира дека турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска откажала два лета за Брисел, а авионите кои полетале од Турција за белгиската престолнина по атентатите биле пренасочени кон Амстердам.

Авиокомпанијата соопшти дека до 24 март нема да продава билети за патувања од Истанбул за Брисел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1