Ајфеловата кула вечерва ќе свети во боите на белгиското знаме


Ајфеловата кула вечерва ќе биде осветлена во боите на белгиското знаме во чест на жртвите од серијата напади во Брисел, најави градоначалничката на Париз Ан Идалго, која ги повика сограѓаните на мирен собир во 19:00 часот пред Собранието, во знак на солидарност со Белгија.ajfelova bomba 2

– Симболот на Париз ќе свети во црна, жолта и црвена боја со цел да се оддаде почит на жртвите, нивните сакани и целиот народ на Белгија, наведе Идалго во соопштението.

-Европа денеска е погодена во своето срце. Уште еднаш се нападнати нејзините основни вредности: слободата, хуманоста, толеранцијата и непоколебливата посветеност на демократијата, оцени градоначалничката на Париз.

Во трите експолозии кои утрово одекнаа во Брисел загинаа вкупно најмалку 34, а 170 лица се повредени

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1