Белгија во паника: Судска пресуда ќе ја преплави земјата со мигранти


Кралството Белгија од вчера е во паника, која ја подгреа и државниот секретар за миграција Тео Франкен, по одлуката на белгискиот суд дека оваа земја-членка на Европската унија мора да додели азилантска виза за едно семејство од Сирија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова семејство за виза аплицирало во белгиска амбасада во друга држава, а има намера потоа да побара азилантски статус откако ќе пристигне во оваа западно-европска држава.sud

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, државниот секретар Франкен предупреди дека оваа пресуда „ќе ја отвори вратата за илјадници луѓе“ што би го следеле овој случај и би поднесувале барања за виза за азил од далечина, по што Кралството би можело да се преплави со мигранти.

Франкен изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот дека земјата мора да даде виза на сириското семејство кое сака да аплицира за азил во Белгија, пренесува фламанската национална телевизија „ВРТ“. Белгискиот Основен суд, на прва инстанца пресуди дека државата мора дури и да плати казна во износ од 4.000 за секој ден за кога ја одложува одлуката дали ќе додели азилантски статус на ова семејство или не.

Сириското четиричлено семејство побарува службена виза за да дојде во Белгија, без притоа да мора да патува преку море и да пристигнат во земјата. Тие тврдат дека ќе аплицираат за азил штом ќе стапнат на белгиско тло, за што им е потребна виза.

– Ова е луда одлука. Ќе поднесеме жалба, бидејќи според нашите закони, секое лице може да аплицира за азилантски статус само ако е веќе пристигнато во земјата и се на територијата на Белгија. Ова ќе ја отвори вратата за илјадници луѓе – истакна секретарот Франкен.

Според првиот човек за мигрантски прашања на белгиската држава, ако системот на неговата држава им овозможи на луѓето да доаѓаат до Белгија со виза за да аплицираат за азил, дека тогаш „целиот систем ќе пропадне“. Тој вели дека наместо овој принцип, дека Кралството Белгија го поддржува договорот во рамки на ЕУ за преселување на бегалците.

– Единствен начин да се оди во друга земја легално е со виза. А, со блокирањето на законскито начин за добивање на виза, секретарот Франкен создава можност за шверцерите на мигранти – возврати Мике ван ден Брук, белгискиот адвокат на семејството од Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1