Како што објави RTL, кралската палата потврдила дека кралот Алберт, принцот Филип и принцезата Астрид добиле судска покана, но не одговорила на тврдењата што Боел ги изнела пред медиумите.
Кралот Алберт никогаш не ја признал Боел која е родена во 1968 година, но признал дека имал проблеми во бракот со кралицата Паола.
Белгискиот суверен и неговите деца би требало да се појават пред судот на 25 овој месец.
Тамошните закони и овозможуваат на Боел да побара ДНК анализа директно од кралот, но може да ја докажува генетската поврзаност и со неговите деца.