Измислена нова дрога – Ѓаволски здив!


На пазарот во Колумбија се појавила нова дрога со име Скополамин или “Ѓаволски здив”.

gjavolski zdiv drogaНовиот наркотик претставува моќно оружје на колумбиските криминалци, бидејќи жртвите ги става во несвесна состојба во која може со нив да се манипулира. Криминалците своите жртви ги убедуваат дека им ги кажат банковите сметки, да им ги предадат клучевите од автомобилот или станот.

“Жртвите одат на забава, и потоа два или три дена подоцна се будат на клупа во парк. Во болница доаѓаат без документи и без пари”, изјавила медицинската сестра од болницата Сан Хозе во Богота, Марија Фернанда Вилјота.

Дрогата, која нема ни мирис ни вкус, често се става во алкохолните пијалаци. Во текот на минатата година, биле пријавени околу 1.200 случаи на употреба на Скополамин и други таканаречени зомби дроги.

Меѓу жртвите се различни профили на луѓе, од политичари до обични граѓани на Колумбија.

Tocka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1