Белград во боите на виножитото: Премиерката Брнабиќ во првите редови на Парадата на гордоста


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, заедно со градоначалникот на Белград, Синиша Мали, и со уште двајца министри од нејзината влада, ѝ се придружија на парадата.

Белград утрово се разбуди со многубројни припадници на полициските сили на улиците во центарот на градот.
Околу 10 часот, кога почнаа да се собираат учесниците на Парадата на гордоста, улиците на Белград почнаа да стануваат шарени од активистите што доаѓаа да присуствуваат на парадата.

Балони, музика и околу 1.000 учесници се собраа на Цветниот плоштад во центарот на Белград, од каде што тргна овогодинешната Парадата на гордоста, која оваа година се одржа под слоганот „За промени“.

Овогодишниот „Прајд“ го отвори кумата на парадата, турбофолк-пејачката Јелена Карлеуша.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1