Бен наскоро ќе го загуби видот: Ова е последното место кое сака да го види (ВИДЕО)


Бен Пирс е 9-годишно дете од Далас кое беше предвреме родено, па докторите не му даваа многу шанси за преживување. Но, уште од најрани години на сите им покажа колку голем борец за живот е и ги преживеа критичните периоди од најраните денови.

Но, за жал, неговите очи не го следеа развојот на неговото тело, па видот почна да му слабее и Бен наскоро целосно ќе го изгуби сетилито за вид, а докторите не се сигурни кога точно ќе се случи тоа.ben500

Малиот Бен веќе беше подложен на операција која само на кратко ја запре таа загуба на видот, па сега тој е одлучен во намерата, пред целосно да го загуби видот, да ги посети и види сите места и нешта кои сакал во својот живот.

Во тоа поддршка му даваат и родителите, па Бен ја направи својата листа на желби.

Ајфеловата кула, пирамидите во Египет, продажниот центар на Apple во Далас и Сончевата плажа во Лос Анџелес се само некои од неговите желби.

Но, една негова желба, сепак, испадна невозможна, со оглед на тоа дека Бен потекнува од 6-члено семејство. Тоа беше желбата да ја посети Алјаска, со цел да ужива во глетката на прекрасната поларна светлина Aurora Borealis.

Сепак, можноста да го види тоа чудо на светот му ја обезбеди љубезноста на целосни странци. Еден од нив е пилотот на Alaska Airlines, Крис Сајс, кој за состојбата на Бен слушна 0д својата ќерка, која за неговата желба слушнала на школо.

Сајс веднаш одлучи да му помогне на малиот, ги контактираше своите шефови на аеродромот и сите заедно му помогнаа, обезбедувајќи авионски карти за целото негово семејство.

Бен во четвротокот најпосле ја виде фасцинантната глетка на волшебната светлина.

„Беше навистина прекрасно“, изјавл 6-годишниот Бен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1