Бериша даде оставка: Нема да седам во Парламент создаден од криминал и пари од дрога!


Албанскиот премиер Сали Бериша попладнево му ја достави својата оставка на претседателот на Албанија, Бујар Нишани.

Со овој чин, како што јави дописникот на МИА, за избор на новата влада на Еди Рама, чоја коалиција победи на изборите на 23 јуни.

berisaБериша, кој во изминатите осум години беше на чело на албанската Влада, сепак ќе остане на функцијата се до изборот на новиот владин Кабинет од страна на Парламентот. На изборите Бериша беше избран за пратеник и како највозрасен требаше да раководи со денешната конституивна седница на Парламентот. Но, тој го одби тоа, па со седницата ќе раководи социјалистот Намик Докле.

Тој објаснува дека тоа не го прави поради фактот што неговата партија е во опозиција, туку поради тоа што ова владеачко мнозинство дошло на власт со антиглобалистички измами како оние на Папандреу во Грција. Според Бериша, пропаднатиот скулптор ползувајќи го како лажен сведок Илир Мета, на Албанците им ветил бесплатно здравство, бесплатна легализација, намалување на цените на прехранбените производи и енергијата за сите Албанци, намалување на даноците за 95 отсто, дека ќе создадел нови 300 илјади работни места, дека ќе ги обесштети политичките затвореници со по 25 евра за секој ден минат во затвор.

– Две години по мегаизмамите Папандреу откако Грција и нејзините граѓани ги втурна во најдлабоката криза си купи билет и исчезна. Набрзо со сигурност тоа ќе се случи и со Еди Рама во Албанија. Ова владејачко мнозинство нема да опстои затоа што е создадена врз мегаизмами, пари од дрога и организиран криминал, – пишува Бериша на Фејсбук.

Изборот на Владата најверојатно ќе биде на 12 септември, по што новиот владин Кабинет ќе положи заклетва пред претседателот Нишани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1