Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од денеска до петок попладне ќе го прекине водоснабдувањето на Берово.
– Денеска и во текот на наредните два дена ќе бидат заменети дотраените и застарени вентили и цевки за да се избегнат дефекти и прекини во водоснабдувањето на Берово и населбите во зимскиот период, стои во соопштението.
Потрошувачите навремено се известени да ги обезбедат неопходните количини вода за до петок попладне, кога се очекува да заврши реконструкцијата и да се нормализира водоснабдувањето.