Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од денеска до петок попладне ќе го прекине водоснабдувањето на Берово.
До прекинот, според соопштението на „Услуга“, дошло поради реконструкција на влезната водоводна инсталација во филтер станицата.
– Денеска и во текот на наредните два дена ќе бидат заменети дотраените и застарени вентили и цевки за да се избегнат дефекти и прекини во водоснабдувањето на Берово и населбите во зимскиот период, стои во соопштението.
Потрошувачите навремено се известени да ги обезбедат неопходните количини вода за до петок попладне, кога се очекува да заврши реконструкцијата и да се нормализира водоснабдувањето.










