Берово најстудено со -16 степени


Утрово најстудено е во Берово, каде што се измерени -16 степени. Утринската температура во Крива Паланка се спуштила до -11, Лазарополе и Маврово -10, Крушево и Битола -9, -8 во Прилеп, -7 во Тополчани, Претор, Пожаране, Виница, Демир Капија и Штип, -6 во Струмица, Дебар, Куманово, Ѓуриште и Охрид, -5 во Скопје и -1 во Гевгелија и Дојран.

Нови врнежи од снег нема, а формираната снежна покривка се движи од еден сантиметар во Пожаране, три во Штип и Крива Паланка, четири во Лазарополе, шест во Битола и Крушево, девет во Демир Капија, 10 во Ѓуриште, Тополчани, Берово и 22 во Маврово.sneg1

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната темература ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре наутро времето ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Во северозападниот дел од земјава ќе има услови за локален и краткотраен дожд и снег на повисоките планини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од -8 до 0, а преку денот највосоката температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, на повеќето места ќе се спуташтат и под -8 степени. Дневните температри ќе бидат во благ пораст. Во западните делови на Македонија ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд,а снег само на повисоките планини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1