На магистралниот пат Кочани-Штип, утрово во 5.50 часот се случила сообраќајна незгода во која автобус „Евро бус“ со беровски регистарски ознаки управуван од М.П.(48) од беровското село Смојмирово удрил во пешакот Д.М.(43) од Ѓаковица, Косово кој живеел во стан во Скопје.
По незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Клиничката болница во Штип каде од здобиените тешки телесни повреди починал.
Увид на лице место по овластување на јавен обвинител е извршен од увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.