Беса денеска ќе одлучи дали ќе биде дел од владата на Заев


Движењето Беса денеска одлучува дали ќе биде дел од новата влада на Зоран Заев и дали таа ќе има стабилно мнозинство поддржано од 67 пратеници. За оваа одлука денеска ќе се изјасни Централниот комитет.

За разлика од Беса, претседателството на ДУИ синоќа ги предложи Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи и Садула Дураку за министри во новата влада на Заев.

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи изјави дека тоа ќе бидат новите министри коишто ќе ги спроведуваат планираните реформи. Таа потврди дека нема да биде дел од новата влада и дека повторно ќе се кандидира за градоначалничка на Тетово, затоа што сака да ги реши проблемите на општината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1