БЕСА му се налути на Заев, нема да учествува на протестот


Движењето БЕСА соопшти денеска дека нема да учествува на протестот на 17 мај, бидејќи лидерот на опозициониот СДСМ, Зоран Заев , не ги исполнил нивните очекувања и не ги објавил „бомбите“ за криминалите на албанската партија на власт

besa

„Движењето БЕСА ја изразува својата загриженост бидејќи дури и по 30 и повеќе објавени прислушувања речиси ништо не излезе за делата на албанскиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската унија за интеграција“, стои во соопштението.

„Ова не тера да се сомневаме дека целта на СДСМ не е спасот на Македонија и изградба на една слободна, демократска и фер држава, туку само промена на сопственикот на државата. За жал констатираме дека, и по толку години и по толку многу изјави, СДСМ ни малку не го смени односот кон Албанците.Затоа сега, кога е направен национален повик за протести, иако движењето БЕСА е за промена на оваа власт, одлучи да не учествува на протестите на 17 Мај!“, се вели во соопштението.

Од БЕСА, како што велат, ќе го почитуваат правото на секој поединец, кој сака да се приклчи на протестот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1