Бесен Албанец приземјил авион со 180 патници во Рим


Патник Албанец го принудил пилототна линијата Женева – Приштина авионот итно да го слета во Рим. Ваква одлука пилотот на компанијата Изи Џет донел откако Албанецот физички ја нападнал стјуардесата.

Патникот бил незадоволен бидејќи стјуардесата доцна му го донела сендвичот. Тој физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето.avion easy jet

Останатите патници кои се превезувале во авионот станале за да го спречат Албанецот да ја тепа жената. Тие успеале да го оттргнат, но пилотот, согласно процедурите веднаш го спуштил авионот во Рим.

Компанијата испратила друго летало а стјуардесата била префрлена во болница. Од Иси Џет го потврдуваат случајот и велат дека жената имала повреди на лицето и и биле скршени очилата.

Насилниот патник бил приведен од локалната полиција во Рим и по сослушувањето пуштен на слобода. Сите 180 патници безбедно слетале во Приштина со друг авион, со неколку часа доцнење.

Информацијата ја потврди и аеродромот во Приштина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1