Беше во врска со малолетничка, трагично загуби две деца: Детали од животот на Принс


Музичарот Принц кој почина во 57-та година имаше повеќе од впечатлив живот.

Се женеше два пати, а со својата прва сопруга, танчарката Мајте Гарсија беше во врска додека беше уште малолетничка.

Се вљуби во неа кога имаше само 16 години, а тој имаше 32. Четири години се забавуваа, а потоа се венчаа.rinc-640x360

Таа раскажуваше за својата љубовна романса со музичката ѕвезда.

-Кога се запознавме јас бев девица и никога до тогаш немав врска со некој. Секогаш бев фокусирана танчарка и добро заштитена. Во Принц се вљубив за првпат, но ништо сериозно не правевме додека не наполнив 18 години. Тој многу ме почитуваше Се сеќавам на нашиот прв бакнеж и си помислив: Господе, ова не се случува! Се сеќавам дека беше малку чудно. Цел живот со него беше прекрасен и нестварен, ми покажа многу неверојатни работи и ме запозна со неверојатни луѓе – рече Мајте на која Принц и го посвети својот хит „The Most Beautiful Girl In The World“.

Сите песни кои ги пишуваше за мене беа тешки за следење. Бев во врска со неколку музичари, кои пишуваа песни за мене, а јас им велев: Сериозно, не се обидувајте. Не можете да се натпреварувате со него – рече таа.

За жал Принц и Мајте трагично загубија две деца. Нивниот прв син почина од ретка болест на черепот. А кога Мајте беше по втор пат бремена, имаше спонтан абортус.

Парот се разведе во 2000 година, а Мајте и после тоа имаше само убави зборови за него.

-Секогаш ќе го сакам, тој беше татко на моите деца – наведе Мајте.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1