Една домаќинка од Јапонија со шоља за кафе до смрт го претепала својот 70-годишен сопруг откако открила дека ја изневерувал.
Како што пишуваат јапонските медиуми, 61-годишната жена наводно го нападнала сопругот откако дознала за некоја негова вонбрачна афера, по што неколку пати го удрила со шоља во пределот на главата.
Жртва на нападот е професор на Универзитетот Јокохами, Јасуо Хиросе. Тој веднаш бил пренесен во болница но им подлегнал на повредите.
Неговата жена Емико Хиросе во полиција изјавила дека тој бил во врска со некоја жена која што таа ја мразела, поради што таа се налутила и го нападнала со шоља.
Жената на професорот е уапсена под обвинение за обид за убиство.
Brif