Жителите на општина Центар од денеска бесплатно можат да паркираат во секторот каде живеат, на неограничено време и за сите возила кои ги поседуваат, а можат да пријават за бесплатен паркинг уште три возила на членовите на нивната фамилија кои им доаѓаат на гости, изјави директорката на ЈП „Паркинзи“ на општина Центар, Маргарита Бакев.
Жителите на Центар треба само да ги пријават своите возила и возилата на блиските роднини во Контакт центарот на јавното претпријатие, и бесплатниот паркинг им е обезбеден за цела година.