Татковци на породување: Да или не? Што велат македонските мажи


Во последно време многу татковци присуствуваат на раѓањето на своите деца. Ова во приватните болници не се наплатува дополнително, а се дозволува, се разбира, само во случаи на нормално породување. Оттаму велат дека татковците, главно, доста добро се држат.

Искуствата на татковците

poroduvanjeАмериканскиот автор, колумнист и радио водител, Армин Брот, на темата, дали татковците треба да присуствуваат на раѓањето на своите деца или не, духовито забележал: Не толку одамна, во периодот кога оваа, сега репродуктивна генерација првпат го гледаше дневното светло, татковците не беа ниту присутни ниту пожелни во родилиштата.

Сега, ако идниот татко не скока од среќа зашто ќе присуствува при пораѓањето и не ги завршил навреме сите подготовки за пораѓање, го сметаат за неандерталец. А кој? Најчесто тие две: идната мајка и нејзината мајка.

Иако некои истражувања покажале дека присуството во породилната сала е корисно за трудниците, со ова не се сложуваат сите доктори затоа што сметаат дека некои од мајките на тој начин се под уште поголем стрес и потешко им е да се сконцентрираат на самиот чин на раѓање на детето.

Македонски примери

Во Македонија, главно, на почеток мажите не се подготвени за ова, но кога се ќе помине драго им е што не го пропуштиле.

Своето искуство на оваа тема го поделија со нас неколку татковци. Еден од нив е Ненад Милосавлевски кој со своето семејство живее во Канада. Вели дека таму присуството на таткото на чинот на раѓање на неговото дете е сосема нормално. Повеќето татковци присуствуваат на пораѓањето и дозволено им е да бидат со мајката и бебето неограничено време.

poroduvanje2

– Не постои никаква процедура. Ќе ве облечат во стерилен мантил и влегувате во салата. Мојата сопруга се породи со царски рез, но сепак ми дозволија да бидам таму. Операцијата се прави со локална анастезија (мислам дека станува збор за епидурална), јас се наоѓам зад некој вид  завеса кој минува некаде во висина на градите на мајката која е на операциската маса, седам покрај неа, разговараме и слушаме што се случува  се додека хирургот на крај не го извади бебето. Ова задоволство не се наплаќа бидејќи здравството е комплетно покриено. И на крајот, би им го препорачал ова на сите татковци“, вели Ненад.

Според Мартин Ѓошевски од Скопје, во неговата намера да присуствува на пораѓањето на сопругата го поколебал самиот гинеколог кој му кажал дека многу мажи откако присуствуваат на пораѓањето на своите сопруги или партнерки стануваат прилично сексуално дисфункционални.

porodiliste– Како и да е, којзнае дали ќе можев да поднесам такво нешто со оглед на тоа што веќе бев доволно нервозен и само чекајќи да ме известат за исходот на породувањето, признава тој.

Марко Георгиевски, пак, вели дека присуствувал на раѓањето на своите деца (близнаци) во Клиничкиот центар во Скопје.

– Излезе супер искуство и топло би им го препорачал на сите. Иако на почетокот се двоумев, сега веќе не би имал никакви дилеми. Доживувањето е неповторливо и сосема е поинаку отколку кога само ја слушате приказната за тоа како се се одвивало. А најдобро од се е што јас, за разлика од многу мои пријатели, не морам никогаш да го слушам прераскажувањето на деталите бидејќи сум и самиот сведок, раскажува Марко.

Што ги мачи жените?

Валерија: Лично, не сакав мојот сопруг да биде таму бидејќи мислам дека немаше да можам да се сконцентрирам на породувањето. Како и да е, не ми требаше многу за да го убедам сопругот во ова.

bebeЛидија: Постојат мажи кои во такви моменти чувствуваат слабост и вртоглавица, па лекарите мора да им помагаат, а истовремено и да ја пораѓаат жената. Имаше индикации дека мојот сопруг може да биде еден од нив, па навистина бев во голема дилема. Кога сфатив дека и самиот се плаши од тоа, решив да не експериментирам. Се договоривме дека е попаметно да не присуствува. Но, затоа можеше да влезе и да го види Дамјан веднаш по раѓањето.

Маргарита: Мојот сопруг сакаше да присуствува на породувањето и можам да кажам дека ова многу ми значеше затоа што чувствував навистина голем страв од тоа што ми се случуваше. Неговите зборови и самото негово присуство беа доволни за се да биде поподносливо.

Повеќе на – Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1