Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски, по повод враќањето на херојот во Македонија организира свечена програма за грандиозен дочек достоен за одбележување на овој светол и слободарски чин, која ќе содржи повеќе настани.
интегрален текст од нивното соопштение:
Сакаме да Ве информираме дека Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски, по повод враќањето на херојот Јохан Тарчуловски во Македонија организира свечена програма за грандиозен дочек достоен за одбележување на овој светол и слободарски чин, која ќе содржи повеќе настани.
Здружението ги поканува сите граѓани на Република Македонија, во 14:30 часот да присуствуваат на официјалниот дочек на херојот Јохан Тарчуловски на аеродромот Александар Велики и со своето присуство да го збогатат и одбележат овој настан.
За таа цел Здружението обезбеди 50 автобуси кои бесплатно ќе ги транспортираат граѓаните од Скопје до аеродромот Александар Велики и назад до Плоштадот Македонија. Автобусите ќе тргнат во 13:00 часот од паркингот лоциран во близина на спортскиот центар Борис Трајковски.
Здружението обезбеди и 200 автобуси кои ќе овозможат бесплатен превоз на сите граѓани од градовите од внатрешноста на државата до Скопје и назад, кои ќе тргнат од локациите и времето наведено во прилог на овој допис.
Ги покануваме сите граѓани да дојдат пред Владата на Република Македонија во 15:45 часот, каде што херојот Јохан Тарчуловски ќе има прием кај премиерот Никола Груевски.
Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на централната свечена манифестација за дочек на херојот Јохан Тарчуловски која ќе се одржи на Плоштадот Македонија и ќе започне во 16:30 часот. На свечената манифестација ќе има богата културно уметничка програма на која ќе настапат со свои песни најпознатите пејачи на народна и забавна музика од Македонија. Пред започнувањето на манифестација херојот Јохан Тарчуловски ќе положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кај Портата Македонија.
Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски испраќа јавна благодарност до сите граѓани, до Владата на Република Македонија, до сите стопански субјекти кои во изминатиот период ја поддржуваа нашата иницијатива за ослободување на Јохан Тарчуловски и кои даваа поддршка на неговото семејство, и кои помогнаа во организацијата на целокупната програма за свечениот дочек на Јохан Тарчуловски.
РАСПОРЕД НА ТРГНУВАЊЕ НА АВТОБУСИТЕ: