Бесплатни таблети и интернет за сите ученици од 1 до 4то во Белград


Сите ученици од прво до четврто одделение на територијата на Белград на 1 септември ќе добијат таблети, од кои ќе можат да учат во новата учебна година. Тоа го најави заменик градоначалникот на тој град, Горан Весиќ.

Тој прецизираше дека Градот ќе купи 67.592 таблети на 1 септември и дека сите ќе имаат картичка со бесплатен Wi-Fi. Со тоа, според днего, секој ученик ќе има бесплатен интернет дома, без оглед дали неговите родители имаат интернет во станот или не

Таблетите ќе се дистрибуираат низ училиштата, родителите ќе ги задолжат.

– Ќе објавиме конкурс за набавка на дигитални учебници во средината на јуни, изјави Весиќ.

Секое дете ќе добие дигитална верзија на учебник.

Градот ќе купи и 6.949 лаптопи за наставници кои работат со тие деца, и секој од нив ќе добие лаптоп за да може да одржува часови користејќи дигитални учебници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1