Бев сатанист, ме спаси мојата девојка – исповед на член на најмрачната секта на Балканот


Тие бираат интелигентни, но повлечени и емотивни млади луѓе, бев сатанист, ме спаси мојата девојка..

Немав никакви мистични искуства додека бев член на сатанистичките собири на Црна Зора од Вараждин. Такви искуства речиси и нема, се е направено за да ги нурнат членовите во длабоки мисли. Тоа се постигнува со атмосфера. Црна боја, оган, ритуални обреди, разна музика, идеологија која те вовлекува се подлабоко…Сето тоа е стапица за младите, отворено зборува 23-годишниот Дејан Плантак од Вараждин, кој во Црна Зора пристапил на 16 години и бил член некое време…

692d65a2f1950e4ed263e0d6a995875eГо вовлекле дел од екипата која ја сочинувале вараждински металци и алтернативци. Не ни помислил каде тргнале кога една вечер го повикале да излезе заедно со нив. Се упатиле до поранешниот воен објект близу реката Драва. Таму се одржувал нивниот обред, првата црна миса на која присуствувал, без никакви припреми ниту најави.

-Црната миса траела помалку од половина час. Ја водел “свештеник”, кој бил и автор на црната книга, од која читал веројатно само нему познати и разбирливи зборови. Околу нас имаше свеќи, а пред нас некоја платформа како олтар. Секој требаше да даде дел од себе, се со цел да се запали во одреден сад. Тоа било дар кон демонот. Го повикуваа Сатаната, се со цел да успеат нешто во животот. Останатите се пресекоа и даруваа дел од својата крв, јас дадов дел од косата – се присетува Дејан.

Имав проблеми

На прашањето како го избрале баш него и зошто прифатил, одговори дека затоа што тој бил интересен во друштвото и бил проучуван одредено време. Имал поинаков поглед на светот, тогаш бил болен и слаб, имал домашни проблеми и проблеми во училиште, лесен плен. Освен на повремените црни миси, времето го поминувале во дискусии поврзани за црквата, верата, демонот и сатаната, како и одење на концерти и пиење алкохол.

-Но, ме вовлекуваа се подлабоко и подлабоко во тој мрачен свет. Намерно, полека. Бев дел од таа хиерархија. А членовите на Црна Зора како и членовите на останатите секти веруваат дека колку повеќе ги вовлекуваш другите во зло, толку повеќе самиот енергетски напредуваш. Станав толку депресивен што не можев да се погледнам ниту во огледало. Наеднаш се најдов во ситуација да помислам да си го одземам животот се со цел да се ослободам од сите грижи – се присетува Дејан.

На таа раскрсница главната улога ја одиграла неговата тогашна девојка, која го однела кај Небојша Буџановац, социјален педагог и психотерапевт, претседател на здружението “Ангели чувари”. Мисијата на здружението била превенција на ризичното однесување кај младите, не само влијанието на сектите врз нив, нивна помош и на нивните семејства.

-Дејан дојде во навистина тешка состојба. Мислел дека животот му е бесмислен. Се опорави многу побрзо од останатите и денес е потпретседател на здружението. После неговото излегување започнале и заканите од оваа секта. Им беше важно тие да не се разоткријат. Во еден кафич ги опколиле Дејан и неговата девојка, потоа јас стигнав по нив – вели Буџановац. За Црна Зора тврди дека денес број до 15 членови од кои голем број на деца. Лидерот, таканаречениот “свештеник”, има околу 30 години и е металец со педигре, работник, а голем дел од членовите доаѓаат од средната класа.

-Музиката и стилот на облекување немаат никаква врска со тоа. Влегов преку металец, но тоа не е никакво правило. Голем дел од металците немаат никаква врска со сатанизмот. Помеѓу санатинистити има и луѓе кои слушаат народна па дури и турбо-фолк музика, јас познавам еден. Јас и денес слушам агресивна музика – напоменува Дејан. Со ова се сложува и Немања Буџановац и додава дека најголем број од сатанистите не можете да ги препознаете бидејќи изгледаат како сите други.

-Дејан во здружението сфатил дека него го наведувале да си го одземе животот. Иако, додава дека никој отворено не му спомнал за тоа, а не па да му нареди.

Што се однесува на профилот на жртвата, просечните не ги интересираат. Тие бараат повлечени млади луѓе, интелигентни но емотивни. Кој дома немаат разбирање, поинакви се и понекогаш се злоупотребувани. Имаат своја цел и бараат некаква смисла во животот.

Think.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1