Отидов во вц затоа што само таму ми беше малку подобро и одеднаш Џорџ испадна. Не знаев што се случува. На почетокот мислев дека утробата ми излегува надвор.
Нејзиниот очув Вејн повикал итна помош, која набрзо стигнала ја пресекла попочната врвца и сватиле дека нејзиниот син се родил седум до десет недели порано. Бев во тотален шок. Живееше сосема нормално, дури и пред тоа повеќе пиеше алкохол. Пред неколку месеци имала силни болки во стомакот, но кога отишла на лекар, тестовите не покажале дека е бремена, пишува DailyMail.
Како е можно тоа?
Џејн не е единствената на која и се случило такво нешто. Напротив тоа се почесто се случува и се прашуваме како е можно? Таканаречената невидлива бременост всушност и не е реткост. Се проценува дека на една од 2.500 трудници и е невидлив трудничкиот стомак се до породувањето, додека една од 450 жени не знае дека е бремена до 20 недела. Многу жени кои чекаат бременост не ни знаеле дека се бремени. Имале редовен циклус, не се здебелувале, а ако оделе на лекар и давале крв, тестовите не го покажале истото. Некои жени кои се бремени чувствуваат, но докторите ја негираат бременоста, затоа што немаат докази дека во себе носат бебе.
Најчести невиливи знаци на бременост се полицистични јајници
оние кои се пред менопауза, оние кои неодамна биле бремени и нивните хормони сеуште не се избалансирани
сеуште дојат.
Имаат низок процент на телесни масти, што може да шредизвика хормонален дизбаланс. Оние кои користат контрацептивни средства кои продолжуваат да ослободуваат хормони во телото.
И ултразвукот е негативен
Според истражувањата, од повеќе стотини прегледи на ултразвук, само кај седум е откриена бременост. Тоа е затоа што кај овие трудници телото не добива потребни сигнали да овозможи максималне развој на детето па тоа бебе многу помалку тежи и невозможно е да се види на ултразвукот.