БЕЗ МИЛОСТ: Татко и мајка со бебе легнаа на пругата, унгарските полицајци скокнаа на нив (ФОТО)


Првиот воз со бегалци тргна од Будимпешта кон австриската граница, но унгарската полиција ги застана на местото Бичке и им кажа да се симнат на место каде се наоѓа прифатен центар. Тогаш настанал целосен хаос, за што сведочат драматичните фотографии на Ројтерс и АП.policija-begalci

Мигрантите во Бичке легнувале на пругата и се обидувале да избегаат од полицијата која почнала да ги брка и фаќа. Меѓу мигрантите било и семејство чија драма ја забележале камерите и фотоапаратите.

Таткото со сите сили се обидувал да ги заштити сопругата и бебето, но унгарската полиција немала милост.

Владата наредила границите целосно да се затворат за мигранти до 15 септември поради што бегалците очајнички се обидувале да дојдат до западна Европа додека за тоа се уште имаат можност.policija-begalci1

Полицијата со полна борбена опрема им наредила на бегалците да се повлечат иако многумина пружале отпор.

Најдраматична била сцената кога младиот маж сепак успеал да дојде до сопругата и синот, го земал детето и седнал во знак на протест.тогаш кон него се втурнале 12 полицајци кои се обиделе да го тргнат заедно со синот.tatko ujhbhk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1