Во времето кога го запознала Кастро, била омажена за хирург кој бил 20 години постар од неа. Од аферата со Фидел ја добила ќерката Алина, која подоцна станала жесток критичар на својот татко.
Пред почетокот на познатата револуција, Ревуелта ја дала својата заштеда – 6.000 песоси за да го поддржи неговото движење, а подоцна го продала и сиот свој накит, додека за бунтовниците шиела униформи.
Кога Кастро завршил во затвор, почнало нивното допишување, а од писмата на овој пар најдобро може да се види нивната љубов.
“Горам, пиши ми, не можам без твоите писма. Сакав да те замолам да не користиш машина за пишување, туку да пишуваш рачно. Го сакам твојот ракопис, многу е деликатен, женствен и непогрешлив”, напишал Кастро во 1954. година.
Ова инаку се ретки моменти од нежната страна на револуцијата. По излегувањето од затвор Кастро заминал во Мексико, и ја прашал Ревуелта да се омажи со него и да се пресели, но таа одбила.